Австралија: Поради кладба со пријателите изел гуштер, па по неколку дена починал

Фото: Профимедиа

Во Австралија татко на три деца починал по 10 дена откако со пријателите поради кадба изел гуштер.

Австралиецот Дејвид Дауел од Квинсленд починал во болница откако му била дијагностицирана хрионична салмонелоза.

Тој повраќал зелена течност, а од стомакот му се цедела течност насобрана во телото.

Денеска, половина година по неговата смрт, семејството бара одговори кој е виновен за неговата смрт и што точно се случило на забавата, каде што паднала кладбата.

– Не постојат докази дека изел гуштер, зашто неговите пријатели на почетокот рекоа дека виделе како го голтнал геконот, а потоа дека ништо не виделе –  изјавила неговата ќерка за медиумите.

Докторите, пак, и рекле на сопругата дека е сосема веројатно дека гуштерот предизвикал тешката инфекција, која довела до смрт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот