Австралија Опен: Зверев загуби сет и кршеше рекет, Монфилс загуби и плачеше

epa08995103 Gael Monfils of France in action against Emil Ruusuvuori of Finland during the men's singles tennis first round match of the Australian Open Grand Slam at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 08 February 2021. EPA-EFE/JASON O'BRIEN

Утринава започна првиот годинешен грен слем турнир, Австралија Опен, веднаш на стартот драматични моменти на терените во Мелбурн парк.

Најголемото изненадување во првото коло го направи финскиот тенисер Емил Русувуори кој го елиминира поранешниот шести тенисер на светот, Гаел Монфилс кој по поразот не можеше да ги запре емоциите.

Монфилс загуби со 3:2 во сетови и тоа со 3:6,6:4,7:5,3:6,6:3, по што на прес конференцијата не можеше да ги запре солзите.

– Сакам да излезам од овој кошмар… Немам самодоверба, играм слабо, не можам да сервирам, не можам да удрам форхенд како што сакам. Зошто? Навистина не знам, сигурно има милион причини, но најважната е што немам самодоверба. Барам само малку милост, не сакам да се фрла со камења по мене. Се обидувам, работам, но не ми успева. Би сакал еден ден да се разбудам и да кажам пред сите вас дека овој кошмар е завршен, но еве ме овде повторно. Кога некој е долу, немојте да го газите – изјави Монфилс.

Сигурен старт на Австралија Опен имаше актуелниот вицешампион Доминик Тим кој во три сета со 7:6,6:2,6:3 го елиминира Михаил Кукушкин, додека далеку поинтересено беше на дуелот на еден од фаворитите за пласман во финалето, Александер Зверев.

EPA-EFE/DEAN LEWINS

Шестиот носител Зверев во првите два сета имаше брејк предност (4:2,5:2) но не успеа да ја сочува предноста и во двата сета се играше тај брејк. Првиот тај брејк му припадна на Американецот Маркос Џирон со 8:10 и тоа предизвика излив на бес кај Германецот. Зверев бесот го искали на рекетот по што почна далеку подобро да игра и наредните три сета ги реши во своја корист со 7:6,6:3,6:2.

Сигурен настап во првото коло имаа и Милош Раонич кој со 6:3,6:3,6:2 го победи Федерико Корија и тоа за 93 минути игра, како и Станислас Вавринка кој за 96 минути го елиминира Педро Соуса со 6:3,6:2,6:4.
Сигурен настап имаа и Рејли Опелка, Адријан Манарино како и Тејлор Фриц.

Во женска конкуренција, Серена Вилијамс со убедливи 6:1,6:1 против Лаура Зигемунд ги започна ловот на 24. грен слем титула. Шампионката од Ролан Гарос, Ига Швјонтек со 6:1,6:3 ја совлада Аранча Рус, како и тројната грен слем шампионка Наоми Осака кој со 6:1,6:2 ја победи Анастасија Пављученкова.
Австралија Опен заврши за поранешната шампионка, Анџелик Кербер која е елиминирана од 63. тенисерка на ВТА ранг листата, Бернарда Пера и тоа со 0:6,4:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот