Австралија Опен: Тим го преживеа маратонот со Кирјос

epa09006591 Dominic Thiem of Austria (R) is congratulated by Nick Kyrgios of Australia after winning his third Round Men's singles match on Day 5 of the Australian Open at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 12 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Третиот носител Доминик Тим се пласира во осминафиналето на Австралија опен откако во неверојатен дуел со Ник Кирјос успеа да направи пресврт и од 0:2 да дојде до победа од 3:2 во сетови и тоа со 4:6,4:6,6:3,6:4,6:3.

Неверојатната пресметка имаше „две полувремиња“, во првиот дел доминираше Кирјос кој носел од публиката играше и сервираше одлично и поведе со 2:0 во сетови, додека неговиот противник грешеше и во ретките шанси кои ги имаше.

Но, од третиот сет се разбуди Тим, откако спаси брејк топки во првиот гем од третиот сет, започна да игра се подобро. Во наредните шест гемови на свој сервис, Тим не му дозволи на Кирјос да освои ниту еден поен и тоа беше најава за пресврт. Прво успеа да израмни на 2:2 во сетови, а во одлучувачкиот  петти сет, брејкот го направи во седмиот гем кога поведе со 4:3 притоа искористувајќи ја втората брејк топка. До крајот, со сигурен сервис успеа да ја задржи предноста и да го преживее маратонскиот дуел со Кирјос.

Следен противник на третиот носител ќе биде Бугаринот Григор Димитров на кого Пабло Карења Буста му го предаде мечот поради повреда.
Сигурен настап имаше и шестиот носител, Александер Зверев кој во три сета со 6:3,6:3,6:1 го елиминира Манарино, а пласман во осминафиналето оствари и Милош Раониќ по победата на Фусчовиќ во четири сета.

Најголемото изненадување го направи Аслан Карацев, кој е 114. тенисер на светот, со елиминацијата на осмиот носител Диего Шварцман со 6:3,6:3,6:3, а елиминиран е и Денис Шаповалов и тоа во дуелот со сонародникот Оже-Алиасим.

Во женска конкуренција, Симона Халеп обезбеди пласман во осминафиналето по победата над Вероника Кудерметова од Русија со 6:1,6:3, Серена Вилијамс во два сета ја совлада Русинката Потапова со 7:6,6:2. Пласман во следната рунда остварија и Гарбине Мугуруза, Наоми Осака како и Арина Сабаленка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот