„Австралија опен“: Радукану непријатно изненадена од Ковиниќ

Ема Радукану елиминирана уште во второто коло на „Австралија опен“/Мелбурн, Австралија/20 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/JASON O'BRIEN

Во женска конкуренција црногорската тенисерка Данка Ковиниќ приреди големо изненадување во Мелбурн совладувајќи ја ланската шампионка на „УС Опен“, Ема Радукану.

Ковиниќ се пасираше во третото коло на „Австралија опен“ откако ја совлада 17. носителка, Британката Радукану со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:3.

До победата стигна за два часа и 38 минути игра, тој е нејзин прв пласман во третото коло на грен слем турнирите.

Ковиниќ во следното коло ќе ги одмери силите против Романката Симона Халеп која убедливо со 6:2 и 6:0 ја совлада Бразилката Беатрис Хадад-Маје.

Кај мажите вториот носител Данил Медведев (Русија) ја оправда фаворитската улога против Австралиецот Ник Кирјос славејќи со 3:1 во сетови 7:6 (1), 6:4, 4:6 и 6:2.

Следен противник ма Русинот ќе биде Ботик Ван Де Зандшулп од Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот