Австралија Опен: Наоми Осака преку Серена во финалето
Јапонската тенисерка Наоми Осака ја совлада Серена Вилијамс во два сета со 6:3,6:4 во полуфиналето на Австралија Опен.
Ова беше трет меѓусебен дуел помеѓу двете тенисерки и помладата Осака води со 2:1, а протоа двете нејзини победи се во самата завршница на грен слем турнирите. Првиот триумф над Серена Вилијамс, Јапонката го оствари во финалето на УС Опен.
Поискусната Серена подобро го отвори полуфиналето, ја искористи брејк топката во првиот гем и потоа поведе со 2:0. Но, потоа следеше брутален одговор од Наоми Осака која освои пет гема во низа за 5:2 и во наредниот свој сервис гем беше сигурна за водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет, улогите се променија, Осака одлично започна и направи брејк во првиот гем и предноста ја чуваше до осмиот гем кога Вилилијамс успеа да израмни на 4:4. Но, во наредните два гема, одлична игра на Осака, ја остави ветеранката на нула и со обезбеди пласман во второто финале на Австралија Опен, а вкупно четврто на грен слем турнирите. На претходните три финални дуели, Наоми Осака победи – 2018. и 2020. година на УС Опен и 2019. година на Австралија Опен.
Нејзина противничка во финалето ќе биде Американката Џенифер Брејди која со 6:4,3:6,6:4 беше подобра од Каролина Мухова и за прв пат ќе игра во едно грен слем финале.