Австралија опен: Надал без проблеми, елиминирана Азаренка!

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Еден од главните кандидати за освојување на грен слем тенискиот турнир во Мелбурн, Рафаел Надал рутински со максимален резултат 3:0 во сетови 6:3, 6:4 и 6:1 славеше на стартот против српскиот натпреварувач Ласло Џере. Шпанецот во второто коло ќе игра против подобриот од пресметката Виктор Троицки (Србија) и Мајкл Мо (САД).

Чекинато иако поведе со 1:0 во сетови (6:3), ги загуби наредните три на дуелот против МекДоналд (6:3, 6:2, 6:2). Рубљов без никакови проблеми со 3:0 го елиминираше Ханфман, а изненадување приреди Албот кој го совлада 12 носител Баутиста Агут (3:1). Доста силно започна и четвртиот носител Медведев од Русија кој за еден и пол час игра со 6:2, 6:2 и 6:4 триумфираше над Канаѓанецот Поспишил.

Победи славеа уште Херис, Монтеиро, О`Конел, Чориќ, Алкараз, Попирин, Хачанов, Куевас, Крајиновиќ, Андухар-Алба, Беранкис, Лопез, Сонего, Пол, Карусо, Де Минаур, Карбаљес Баена, Махач, Фоњини и Руд.

Во женска конкуренција пораз уште во раната фаза претрпе двократната шампионка на АО, Викторија Азаренка, која со 7:5 и 6:4 загуби од Американката Џесика Пегула.

Ланската шампионка Софија Кенин со истиот резултат ја исфрли Медисон Инглс и во второто коло ќе се соочи со Естонката Канепии кој пак со 6:3 и 6:1 ја елиминираше Севастова.

Пласман понатаму обезбедија уште Бенчиќ, Хибино, Самсонова, Мертенс, Ли, Мугуруза, Подороска, Жу, Свитолина, Кузњецова, Вотсон, Бренгл, Младеновиќ, Александрова, Гоф, Векиќ, Шериф, Крејчикова, Мухова, Контавејт, Плишкова, Бартел, Колинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот