Австралија Опен ќе се игра пред полни трибини?

Вакцината е услов за учество на грен слем турнирот во Мелбурн/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Организаторот на првиот годинешен грен слем турнир е подготвен до последно место да ги исполни стадионите и салите на спортските настани, откако сојузната држава Викторија денеска ги ублажи ковид-19 ограничувањата.

Премиерот Ден Ендрјус најави дека не би требало да има големи ограничувања за собири на спортските натпревари. Тоа значи дека во јануари идната година, Австралија Опен во Мелбурн ќе се игра пред полни трибини.

Први кои ќе ја „тестираат“ одлуката на владата на Викторија се фановите на крикетот бидејќи наскоро следи позната Ешис серија помеѓу Австралија и Англија која ќе се игра на легендарниот Мелбурн Крикет Граунд каде се очекува на трибините да има 100.000 навивачи.

Секоја сојузна држава во Австралија има свои независни политики и прописи за ковид-19, што директно влијае и на бројот на гледачи на спортските настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот