Австралија Опен: Ѓоковиќ преку Зверев до полуфиналето

epa09016025 Novak Djokovic of Serbia reacts during his Men's Quarter finals singles match against Alexander Zverev of Germany on Day 9 of the Australian Open at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 16 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Првиот светски рекет обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен по победата во четири сета над Александер Зверев и тоа со 6:7,6:2,6:4,7:6.

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон одбрана на титулата на Австралија Опен откако по три и пол часа игра го совлада седмиот носител, Александер Зверев.
Иако во меѓусебните дуели Ѓоковиќ води со 5:2 и има четири победи во низа, овој пат, освенсо  Зверев преку мрежата, српскиот тенисер се мачеше и со повредите, поточно со стомачните мускули. Сепак најде сила да го совлада германскиот тенисер и по 39. пат да игра во едно грен слем полуфинале, деветто во Мелбурн. Ѓоковиќ дуелот го заврши со 23 асови, 48 винери и 56 неизнудени грешки, додека на спротивната страна Зверев имаше 21 ас, 45. директни поени и 38 грешки.

Стартот на мечот започна фуриозно за Зверев имаше водство од 2:4, потоа при 4:5 сервираше за сет, но Ѓоковиќ успеа да направи брејк и да го однесе сетот во тај брејкот. Во него подобро се снајде Зверев кој ја искористи втората сет топка и триумфира со 6:8.
Во вториот сет, тотална доминација на бранителот на трофејот, ги одзеде првите два сервиси на противникот и поведе со 3:0 по што рутински дојде до израмнување на 1:1 во сетови.

Третиот сет најдобро покажува зашто Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата и се смета за „ментална планина“, односно тешко подлегнува на притисокот. Имено, Зверев водеше со 1:4 откако направи брејк во вториот гем, но потоа на сцена стапи Ѓоковиќ кој со неверојатна игра успеа да освои четири гемови по ред за 6:4 и водство од 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет и двајцата тенисери имаа по еден брејк и ретко му даваа на противникот шанса за нов брејк по што сетот отиде во одлучувачкиот 13. гем. Во него, и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до 6:6 кога Зверев го губи поени, а Ѓоковиќ со ас сервис обезбеди пласман во полуфиналето.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде руската сензација Аслан Карацев.

Кај дамите, пласман во полуфиналето обезбеди 39-годишната Серена Вилијамс по триумфот над Симона Халеп од 6:3,6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот