Австралија Опен: Епски пресврт на Циципас, преку Надал до полуфинале

epa09018331 Stefanos Tsitsipas of Greece reacts after defeating Rafael Nadal of Spain during their Men's singles quarter finals match against on Day 10 of the Australian Open at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 17 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен откако направи неверојатен пресврт и го елиминира вториот носител, Рафаел Надал.
Циципас губеше со 0:2 во сетови, но на крајот славеше со 3:2 и тоа со 3:6,2:6,7:6,6:4,7:5 и по трет пат во кариерата ќе игра во едно грен слем полуфинале, а втор пат во Мелбурн.

Ова воедно за Надал беше втор пораз во кариерата на грен слем турнирите откако водел со 2:0 во сетови, но на крајот загубил, првиот ваков пораз му се случи на УС Опен 2015 година кога загубил од Фабио Фоњини.
Надал до првиот сет дојде само со еден брејк и тоа во осмиот гем по што во наредниот, со сигурен сервис поведе со 1:0. Во вториот сет, Шпаневот беше далеку поубедлив, два пати го одзеде сервисот на Циципас за водство од 2:0 во сетови и навести убедлив триумф.

Сепак, шестиот носител на Австралија Опен, Стефанос Циципас, конечно го пронајде својот ритам во третиот сет, сигурно сервираше и не му дозволи ниту една брејк шанса на Надал кој исто така беше сигурен на свој сервис. Победникот во третиот сет беше одлучен во тај-брејкот каде Циципас беше подобар и три пати го одзеде сервисот на Надал за намалување на водството на 2:1 во сетови.

Од тие моменти, Циципас беше подобар противник на теренот на „Род Лејвер“ Арената, постојано го напаѓаше сервисот на Надал, и дури со четвртата брејк топка успеа да го одзеде сервисот и мечот да го однесе во одлучувачкиот петти сет. Во него, и двајцата тенисери беа сигурни се до 11. гем кога Циципас прави брејк со нула, Во наредниот гер, Гркот на свој сервис успеа да да спаси една брејк топка, по што ја искористи својата трета шанса за да го комплетира епскиот пресврт.
Противник на Циципас во полуфиналето ќе му биде Данил Медведев кој во три сета го победи Андреј Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот