Австралија нема да ги отвори границите за странци до средината на 2022 година

Мелбурн, Австралија / 14 Октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Границите на Австралија се затворени една година поради пандемијата, а покрај фактот што речиси нема случаи на коронавирус, оваа земја не планира да го отвори влезот за странците до средината на 2022 година.

Министерот за трговија и туризам Ден Тихан изјави дека не го смета целосното отворање за реално пред средината или дури и втората половина на 2022 година, пренесува „Блумберг“.

Сепак, Тихан додаде дека „работите можат да се променат, како што видовме во оваа пандемија“.

Австралија делумно ги отвори своите граници минатиот месец, но само за граѓаните на Нов Зеланд, каде исто така нема ширење на корона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот