Австралија наскоро може да забрани одредени видео игри за малолетници

unsplash

Австралија планира да воведе рејтинг од 18+ за сите видео игри кои симулираат коцкање, или рејтинг М (зрели) за игри каде што се купуваат одредени „артикли“ и „монети“, а потоа се користат во играта Австралија наскоро може да забрани одредени видео игри за малолетници.

Тоа би можело да го ограничи пристапот до игри како „Фифа“, додека програмерите на „Фортнајт“ веќе ги отстранија елементите што би можеле да бидат непристојни за австралиските законодавци. Постои растечка загриженост бидејќи децата имаат лесен пристап до видео игри со елементи на коцкање, што ги зголемува шансите тие навистина да станат зависни од коцкање во иднина.

Австралиската министерка за комуникации Мишел Роланд рече дека предложените ознаки 18+ и М треба да стават крај на овие проблеми и да ги спречат играчите на видео игри подоцна да се свртат кон коцкање. Имено, овој предлог на родителите би им овозможил поголема контрола во ситуации кога не знаат што е игра.

„На тој начин родителот би знаел дека одредена игра содржи некаква форма на симулирано коцкање“, рече Роуланд, додавајќи дека лицата под 18 години нема да можат да купуваат такви игри, пренесува Каматица.

Светската здравствена организација ја класифицираше зависноста од компјутерски игри како болест. Оваа болест најчесто ги погодува тинејџерите и помладата популација, а најчести симптоми се приоритет на играњето игри пред семејството и општеството, исхраната, спиењето, школувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот