Австралија ќе помогне, ако во Европа дојде до недостиг на руско гориво

 Австралија е подготвена да испорачува течен природен гас на европските држави, во случај да дојде до недостиг од руско гориво, соопшти денеска сојузниот министер за природни и водни ресурси Кит Пит.

Според Пит, Австралија е „подготвена да помогне при секое барање за испорака на течен природен гас”, кое би дошло од европските држави кога ќе има „недостиг на гас од Русија”.

– Австралиските извозници на течен гас се водечки светски компании и сигурни доставувачи, кои се во можност да достават енергија низ целиот свет, изјави Пит во интервју за весникот „Аустралиан”.

Министерот истакна дека неговата земја може да одговори на растечката глобална побарувачка, како и да биде сигурен снабдувач на течен природен гас.

Оваа изјава на Пит следува по најавата дека САД разговараат со своите сојузници и партнери за можноста за испорака на дополнителни количини гас за Европа, во случај да се влоши ситуацијата во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот