Австралија ќе распореди резервисти за гаснење на пожарите

Фото: Инстаграм/ daniel_djk_knox

Видовме дека оваа катастрофа ескалира, изјави Морисон и додаде дека ќе бидат инвестирани околу 14 милиони американски долари за набавка на четири нови авиони канадери, рече Морисон

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека Владата ќе испрати 3.000 војници резервисти како помош во гаснењето на пожарите што го зафатија југоисточниот дел на земјата.

– Видовме дека оваа катастрофа ескалира, изјави Морисон и додаде дека ќе бидат инвестирани околу 14 милиони американски долари за набавка на четири нови авиони канадери, рече Морисон.

Според него, гаснењето на пожарите е одговорност на државата и пожарникарите, но големиот број пожари бара и национален одговор.

Министерката за одбрана Линда Рејнолдс изјави дека ова е првпат во историјата на Австралија да се распореди војска за да помогне при справување со пожарите.

Температурите во некои делови на источна Австралија надминаа 40 степени, а властите предупредија дека денеска ќе биде „многу опасно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот