Австралија ја заостри борбата против Фејсбук и Гугл

Австралискиот министер за финансии истакна дека борбата против компаниите како „Фејсбук“ е голема работа, но и дека тие се подготвени за битка.

Доколку се оди според планот на австралиските власти, интернет-гигантите „Фејсбук“ и „Гугл“ ќе им плаќаат на австралиските медиуми за употреба на медиумските содржини заштитени со авторски права – што би било преседан во светот. Имено, откако многу австралиски медиуми се соочија со остар пад на приходите од огласувачите поради пандемијата на „Ковид-19“, а многумина го ставаат клучот во брава, австралиската влада е уште поодлучна да го спроведе својот план кон дигиталните платформи со огромна добивка од дел од приходите споделени со медиумите. „Иднината на медиумскиот пејзаж во Австралија ќе зависи од исходот на ова прашање“, рече министерот за финансии Џош Фрајденберг.

Фрајденберг вчера им даде ултиматум на интернет гигатите дека имаат три месеци да ги завршат преговорите со медиумските куќи, што започнаа во април. Ако двете страни не се согласат во рок од три месеци, арбитрите ќе донесат обврзувачка одлука. Доколку има прекршувања на договорот, платформите ќе плаќаат десет проценти од годишната плата, односно мултимилионска казна. Владата објави нацрт на обврзувачки правила на игра со надеж дека ќе успее таму каде што другите не успеале.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Протест во Белград, демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент

За разлика од Европејците, Австралијците ќе играат на закон за конкуренција наместо закон за авторски права. Тие не сакаат да ја повторат грешката направена од Шпанија со изменување и дополнување на законот за интелектуална сопственост на што Google одговори со затворање на услугата Google News во таа земја. Имено, според шпанскиот закон, Гугл мораше да плати за делови од текст објавен на тој пребарувач дури и ако не се барало тоа да го сторат самите медиумски компании. Слично сценарио се случи и во Германија.

Во случајот со Австралија, се прават обиди да се принудат дигиталните платформи да се договорат за такса, но исто така и правила за приватност и транспарентност на алгоритмите што ги користат за рангирање и прегледување на содржината на медиумите.

Австралискиот министер за финансии Џош Фрајденберг истакна дека борбата против компаниите како „Фејсбук“ и „Гугл“ е голем залак, но и дека се подготвени за битка.

Прочитајте и...  Судири на протестот против рестриктивните мерки во Берлин (ВИДЕО)

„Ова е прашање на конкурентност и затоа е неопходно да се утврдат јасни правила на игра и тоа ќе бидат нашите правила“, рече Фрајденберг.

Разговорите меѓу медиумските куќи и Фејсбук и Гугл започнаа последните месеци, но технолошките компании ги отфрлија предлозите да плаќаат 600 милиони долари годишно. Финансиската корист од содржината на австралиските весници е минимална, тврдат тие и практично не би се чувствувало ако ги прекинат услугите. Проценките на издавачите на медиуми од 600 милиони долари се засноваат, како што велат тие, на неточни податоци.

Дури и ако Гугл ги исклучи Google News во Австралија, како што направи во Шпанија, сепак ќе биде потребно да платат за услуги како Google Search и YouTube каналот за споделување видеа. Гугл Австралија „е длабоко разочаран од одлуката, што ,,претставува тешка државна интервенција“, и „ќе ја задуши дигиталната економија“ и истакнуваат дека „тоа нема никаква врска со комерцијалната реалност“.

Прочитајте и...  Ахмети: Крушевскиот манифест од 1903 година е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година

Истото го изјави Фејсбук и сметаат дека „нема да страдаат доколку нивните корисници во Австралија не се во можност да споделуваат медиумски содржини“. Двете компании заедно генерираат профит од неколку милијарди долари во Австралија. Покрај тоа, според австралиските регулатори за секои 100 милиони американски долари потрошени за рекламирање, една третина оди на Гугл и Фејсбук.

Гугл минатата година објави рекордни приходи во Австралија од 4,8 милијарди американски долари за 2019 година, од кои најголем дел доаѓале од реклами од локални огласувачи. Само во првиот квартал од оваа година, и покрај пандемијата, Гугл има глобални приходи од над 40 милијарди долари и забележа раст. Фејсбук објави приход од 17 милијарди американски долари за првиот квартал и откри дека иако приходите од рекламирање паднале малку во март, во април ситуацијата била иста како и претходната година. И двете компании ги прават скоро сите свои пари за рекламирање и го плаќаат скоро целиот данок само во САД.

Прочитај повеќе

ВО ЖИВО: Протест во Белград, демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент

Слободен печат

Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината

Слободен печат

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Слободен печат

МЗ: Вирусот најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

Слободен печат

Полн автобус од Охрид за Скопје: Сите патници се вознемирени и сакаме да се преземат мерки!

Слободен печат

Регистрирани 359 прекршоци за неносење маски

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Охрид наутро исчистен од отпад, навечер ѓубре се фрла насекаде

Слободен печат

Австралија ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот

Слободен печат

САД го честитаа празникот Илинден

Слободен печат

Луѓето во САД и Велика Британија добиваат мистериозни пратки од Кина

Слободен печат

Патниците што пристигнуваат во Сингапур ќе треба да носат уред за следење

Слободен печат

Евакуација на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит

Слободен печат