Австралија ја одобри вакцината „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години

Вакцинација деца
Вакцинација кај деца / Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Австралиската регулаторна агенција денеска ја одобри привремената вакцина „Фајзер“ против ковид-19 за деца на возраст од пет до 11 години, а министерот за здравство Грег Хант рече дека имунизацијата може да започне на 10 јануари, пренесува Ројтерс.

Хант рече дека регулаторната администрација „направи внимателна и темелна проценка и утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е во интерес на австралиските деца на возраст од 5 до 11 години“.

По првичното одложување на програмата за имунизација против ковид-19, Австралија стана една од водечките земји во светот во однос на стапката на вакцинација. Речиси 88 проценти од возрасните постари од 16 години примиле две дози.

Високата стапка на вакцинација помогна да се спречи ширењето на вирусот и да се поттикне брзото економско закрепнување.

Нов Јужен Велс, земјата со најголема популација, денеска регистрираше уште два случаи на варијанта на омикрон и сега има вкупно 15. Се уште не е познато дали и колку вакцините се ефективни против овој вид.

Кои држави ги вакцинираат децата против ковид и зошто го прават тоа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот