Австралија ги одби сите барања на Ѓоковиќ!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот светски тенисер во неделата испрати список со барања за сите тенисери и тенисерки, а веќе во понеделникот доби одговор „Не“ од австралиските власти.

Првиот човек на „Австралија опен“, Крег Тили изјави дека почетокот на турнирот нема да биде променет и покрај фактот дека 72 играчи не можат да ги напуштат хотелските соби.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус објави дека има уште четири позитивни случаи поврзани со спорниот лет, сега има вкупно девет, вклучувајќи и еден неименуван тенисер. Новак Ѓоковиќ побарал благо попуштање на мерките за играчите, но доби одговор кој не го посакуваше.

Еве го и списокот на она што српскиот ас го бараше за своите колеги како претседател на Здружението на професионални тенисери (ПТПА):

– фитнес и тренинг опрема во сите соби

– соодветна исхрана, во согласност со нивото на турнирот и потребите на врвните спортисти

– намалување на бројот на денови во изолација за сите 47 тенисери, со повеќе тестови кои потврдуваат дека се негативни

– дозвола за посета на тренери или кондициски тренери, доколку го поминале ПЦР тестот

– доколку претходниот услов е исполнет, тогаш играчот може да биде со тренерот на истиот кат во хотелот

– пренесување на што повеќе играчи во приватни домови со терени за тренинг

Ендрус кратко порача на сите овие идеи:

– Луѓето можат слободно да напишат список на барања, но одговорот е не. Знам дека имаше разговори со играчите поради правилата, но правилата важат и за нив, како и за сите други, тие беа информирани за тоа пред да дојдат и тиа се условите за кои се согласија. Овде нема посебен третман бидејќи вирусот не ве третира посебно – рече Ендрус.

„Австралија опен“: Во Мелбурн дури 72 тенисери во карантин!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот