Аврамовски: Во недела не играме ниту за пари, ниту за статус!

фото:фејсбук/фк вардар

В недела (8. декември) во 13.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во последното есенско коло ќе се игра дербито во Првата македонска лига меѓу екипите на Вардар и Шкендија.

Вардарци веќе ја обезбедија есенската титула, а истите сакаат со триумф над големиот ривал да ја крунисаат заедно со своите верни навивачи, „Комити“.

Гостински симпатизери нема да бидат примени на трибините поради тоа што мечот е од висок ризик.

фото/фејсбук

Билетите ќе се продаваат на билетарата на стадионот пред мечот, ќе чинат 100 денари. Ќе мора само да се покаже документ за лична идентификација при секоја набавка на влезница.

Даниел Аврамовски, најдобриот играч на Вардар оваа есен и најдобар стрелец во шампионатот на Македонија, упати моќна порака пред мечот.

Напаѓачот на „црвено-црните“ вели дека во недела не играат за пари ниту за статуси, туку за себе, за тимот, за Вардар, пренесува „Вардар фанс“.

– Не знам дали може да ме разберете, но за мене овој тим е поголема „фаца“ од се друго! Во недела не играме ниту за пари, ниту за статус. Играме за себе, за тимот, тврдоглаво бранејќи го својот идеал. Мојот, твојот, нашиот Вардар. Една љубов, еден тим. Заедно за Вардар – се зборовите на Аврамовски, фудбалерот на Вардар. (Фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот