Аврамовски: Ќе успееме на реваншот против Шкендија

фото: ФК Вардар

Вардар против Шкендија одигра 2:2 во првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија одигран денеска на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Иако според резултатот излегува дека Вардар се врати од негатива, сепак, според играта „црвено-црните“ можеа и повеќе.

На 0:0 имаа одлични шанси, и при негативата од 0:2, а потоа и при 2:2 имаа прилика за целосен пресврт.

– Сметам дека заслуживме да победиме денеска. Бевме подобар противник, имавме повеќе посед, повеќе шанси од противникот. Одигравме за чиста десетка. На почетокот имавме две шанси, потоа и при 0:1 четири прилики, но тоа е фудбалот. Кога не се користат шанси, обично следува казна. Верувавме и при негатива од 0:2 дека можеме да дојдеме до израмнување. Се договоривме да продолжиме да напаѓаме, да креираме шанси. Не можевме цел меч да промашуваме, мораше некогаш топката да заврши во противничкиот гол. И при 2:2 испуштивме шанса за 3:2. Навистина штета и треба да жалиме. Сега има реванш од кој се надеваме дека ќе излеземе како победници, и дека сето она што не го реализиравме тука, ќе успееме таму – рече фудбалерот на Вардар, Даниел Аврамовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот