Аврамчев во Скопски агол: Иако Универзална сала не работи, ние сепак го подготвуваме Фестивалот на светлината

Останува уште една недела за пријавување на фестивалот, би сакал да апелирам што повеќе артисти од Македонија да се пријават и да дадат одредени предлог концепти за истиот фестивал, повикува директорот на Универзална сала

Директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев денеска во „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“ потсети дека за една недела истекува можноста за пријавување на „Фестивалот на светлината“ и ги повика заинтересираните да не ја испуштат можноста да бидат дел од третото издание на „Skopje light art district“.

– Останува уште една недела за пријавување на фестивалот, би сакал да апелирам што повеќе артисти од Македонија да се пријават и да дадат одредени предлог концепти за истиот фестивал. Оваа година прв пат се осмеливме да ставиме и фокус на фестивалот. Оваа година фестивалот на светлината има зелен фокус, што значи сите предлог концепти што ќе дојдат од уметниците ќе треба да имаат во фокусот заштита на животна средина и климатски промени, односно да дадат еколошка порака, рече Аврамчев.

Фестивалот ќе се случува на петнаесетина локации во Скопје.

– Дадовме предлог од 15 локации, а артистите ќе треба да изберат каде сакаат да се наоѓа нивното дело. Почнуваме од Камениот мост, продолжуваме по Кејот на Вардар и ќе навлеземе длабоко во Градскиот парк, информира Аврамчев.

Проектите за реконструкција на Универзална сала не ги задоволуваат потребите на скопјани, затоа што не се зголемува капацитетот на салата, а од друга страна многу е поскапо да се реконструира, отколку да се направи нов објект. Набрзо ќе има нов јавен повик за избор на идејно решение каде што ќе се оди со нов проект, односно ќе има нова сала, но јас ќе се обидам да задржам некои стари елементи кои што сите нас не прават носталгични, вели директорот Аврамчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот