Аврамчев: Уште утре да се започне со изградба на нова концертна сала во Скопје

На денешната трибина во Младинскиот културен центар на која се дискутира за иднината на Универзална сала, повеќе организатори на културни настани, архитекти и останати засегнати страни го дадоа својот став за тоа дали е потребно да се руши оваа сала или ќе биде доволна нејзина реконструкција. Директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев, истакна дека е потребно Универзална да се ,,освежи”, но според него потребно е под итно да се започне со изградба на нова сала по сите европски стандарди.

-Локацијата и салата си имаат свои маани, долго време се дебатира за тоа, а неодамна дојде идејата од асоцијацијата на архитекти за нов објект на местото на постоечкиот. Според мене потребно е нова сала да се гради уште утре, но мораме да ја реставрираме универзалната сала и таа на тој начин да функционира додека не се заврши со изградба на новата сала, па потоа да се процени дало и двата објекти ќе продолжат со работа. Она што е најважно е дека на Скопје му е потребна нова концертна сала за да им се даде простор на сите артисти – изјави Аврамчев.

По него свое обраќање имаа и дел од останатите присутни, а речиси сите од нив ја прифаќаат идејата за нова сала, но се и за зачувување на актуелниот простор.

шилегов

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот