АВМУ: Политичарите треба да ја почитуваат новинарската професија, а не да ги навредуваат новинарите

АВМУ. / Фото: Архива на Слободен печат

Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест и како такви, ослободени од закани и од притисоци, мора да им се овозможи непречено да си ја извршуваат својата работа, наведуваат од АВМУ.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гпреку соопштение ја изнесе својата  осуда за недоличното и вулгарно однесување на претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кон новинарот на ТВ 24 Горазд Чомовски.

-Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест и како такви, ослободени од закани и од притисоци, мора да им се овозможи непречено да си ја извршуваат својата работа. Сите, а особено политичарите, треба да бидат свесни за тежината на јавно искажаниот збор и да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на слободата на информирање- наведуваат во соопштението оттаму.

Агенцијата повикува да запрат сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинари и апелира да се почитува достоинството на новинарската професија и личното достоинство на медиумските професионалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот