АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за опожарената ТВ Вис

Пожарот ја зафати телевизијата на 25 март и беа опожарени телевизиското студио и техниката.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиски средства на ТВ Канал Вис Струмица со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во којшто беа опожарени телевизиското студио и техниката.

Станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние коишто на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис. Одлуката за донација, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за втори идниот месец.

„Се надеваме дека телевизијата набрзо ќе ја надмине оваа состојба и дека и понатаму ќе биде дел од медиумскиот плурализам на регионално ниво, односно дека ќе продолжи со емитување програма и содржини од значење за регионот Д4, којшто опфаќа повеќе населени места“, велат од АВМУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот