АВМУ демантира дека има висок процент на поништени јавни набавки

АВМУ / Фото: Архива на Слободен печат

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги демантира тврдењата на Центарот за граѓански комуникации изнесени на 9 јули 2019 година за време на презентирањето на третиот извештај во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“, дека во однос на јавните набавки, Агенцијата „има висок процент на најнепопуларното поништување односно за неприфатлива понуда“, како и дека по тој основ биле поништени 40 проценти од јавните набавки.

„Во 2018 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги има реализирано 30 јавни набавки. Поради неприфатлива понуда беа поништени само 2 (две) јавни набавки. Оттука, целосно е неточно дека е висок процентот на поништување, бидејќи повторуваме станува збор само за 2 (две) јавни набавки.

Вака претставените информации ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат погрешна слика за институцијата која работи согласно важечките законски прописи и редовно ја известува јавноста за своите активности во насока на обезбедување што поголема транспарентност“, се вели во реакцијата на АВМУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот