Авионските компании ги кршеле правата на патниците: Наместо да им ги вратат парите, им давале ваучери

Многу патници не добиле парична надомест во рокот кој го пропишува законот на ЕУ, седум дена ако станува збор за едноставен лет или 14 дена ако е дел од пакет, некои пак воопшто не добиле надомест или добиле ваучери.

Авионските компании редовно во текот на пандемијата на коронавирусот ги кршеле правата на патниците од Европската унија, утврдил во вторникот Европскиот ревизорски суд (ЕCA).

Иако се законски обврзани на патниците да им исплатат паричен надомест за откажаните летови, многу авиопревозници ги принудуваат наместо тоа да прифатат ваучери, соопштила “ECA” во вторникот.

Откако владите ги затвориле границите за речиси цела Европа, затворени биле и околу 7.000 воздушни линии и мрежи на европските аеродроми, потсетиле ревизорите. Откажани се 70 проценти од летовите, а со тоа и патувањата на десетина милиони патници.

“На патниците всушност не им се објаснети нивните права па останале без пари”, рекла ревизорката Анеми Туртелбум на прес-конференција.

Многу патници не ја добиле паричната надомест во рокот кој го пропишува ЕУ, седум дена ако станува збор за едноставен лет или 14 дена ако е дел од пакет, некои пак воопшто не добиле надомест или добиле ваучери.

Компаниите пак во коронакризата добиле милијарда евра државна помош.

Земјите од ЕУ потрошиле вкупно 35 милијарди евра за поддршка на воздухопловните компании, рекла Туртелбум.

“Не изненади дека владите на ЕУ се помирија со таквата ситуација. Уште полошо, дадоа свој благослов за таквата пракса, дури и ако тоа значеше кршење на европските закони”, нагласила ревизорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот