Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови ќе се одвива авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Исто така, од утре до петок во период од 22 до 3.00 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци.

Градските власти соопштија дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот