АВИОНОТ паднал во океан, пилотот и патниците во вода си правеле СЕЛФИ (ВИДЕО)

На интернет има премногу фотографии од Тихиот океан на кој пилотот Дејвид Лиш и неговите патници кажуваат дека нивниот авион се срушил. На авионот му откажал моторот, па Лиш слетал на површината од водата, а потоа тој заедно со патниците од авионот застанале на крилото од авионот и почнале да го снимаат тоа што им се случува.

„Ударот беше слаб, воопшто немаше проблеми и веднаш ја отворивме вратата и излеговме на крилото од авионот. Направивме брз попис на она што се наоѓа во авионот. Го зграбив мојот телефон и клучевите од автомобилот. Знаев дека имаме време околу 20-30 секунди пред авионот да потоне“ – вели Лиш. Во водата биле 40 минути, а потоа пристигнала помошта.

На снимките кои ги објавил Лиш на социјалните мрежи се гледа како тој и патниците се смеат и зборуваат дека преживеале несреќа и моментно чекаат помош.

„Набрзо стана ладно во океанот. По 20-на минути почнав да смрзнувам. Насекаде имаше медузи. Околу нас имаше и китови. Чекавме додека можевме. Авионот потона, влеговме во водата. Медузите цело време нè допираа“ – изјавил Лиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот