Авионот на Пенс принудно слетал откако удрил во птица

Фото: EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Авионот со кој патувал американскиот потпретседател Мајк Пенс бил принуден да се врати на аеродромот во Манчестер во државата Њу Хемпшир откако удрил во птица по полетувањето, соопшти Белата куќа.

Пенс бил на пат кон Вашингтон по предизборен митинг во градот Гилфорд.

Висок службеник на американската администрација, кој сакал да остане анонимен, рекол дека потпретседателот и неговата придружба не биле во опасност.

Пенс во Вашингтон се вратил со товарен авион кој Тајната служба го користела за транспорт на возила за време на неговото патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот