Авионите на „Луфтханза“ приземјени поради штрајк

Поради штрајкот на Кабинскиот персонал на најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“, кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа, сите летови беа откажани.

Ова е втор штрајк на вработените во оваа авиокомпанија во последните две недели.

Патниците беа предупредени за евентуални промени во нивниот ред на летање или за откажани летови на овој германски авиопревозник на територијата на цела Германија. Штрајкот веројатно ќе го засегне и редот на летање на компаниите ќерки „Јуровингс“ и „Сан Експрес“.

Синдикатот ЈУЕФО, што ги застапува вработените во „Луфтханза“, соопшти дека 48-часовниот штрајк може да прерасне во протест без рок, доколку не бидта исполнети барањата на нејзините членови.

Од авиокомпанијата, пак, се пожалија за протестот и соопштија дека синдикатот нема надлежност да го претставува кабинскиот персонал и одби да преговара со овој синдикат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот