Авион со 150 патници кружи над аеродромот, се очекува дека ќе се урне (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Авион со 150 патници кружи над аеродромот, се очекува дека ќе се урне (ВИДЕО)

Повеќе од 100 амбулантни коли се упатиле кон аеродромот во Тел Авив. Најлошото сценарио е масивна експлозија за време на слетувањето, пишува Channel 12.

Боинг 737 со повеќе од 150 патници кружи над аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Во контролата за летање е пријавен проблем со опремата за слетување. Авионот летал од Келн, Германија, јавува Ynet.

Авионот се движи со брзина од 507 км/час.

Повеќе од 100 амбулантни коли се упатиле кон аеродромот.

Според процедурите, авинот лета ниско над аеродромот за експертите од контолната кула да можат да ја прегледаат штетата и да одлучат како е најдобро да слета. Ловци од израелското воено воздухопловство исто така полетале, а се претпоставува дека пилотот ќе се обиде да слета на трупот.

Се стравува дека во авионот може да избувне пожар поради големата брзина

Неисправните гуми може да се запалат поради интензивната брзина и топлина што се создава кога авионот слетува, бидејќи резервоарите за гориво се наоѓаат близу до крилјата на авионот каде што се тркалата. Најлошото сценарио е масивна експлозија за време на слетувањето, пишува Channel 12.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close