Авион се урна кај Зрењанин: Загина 47-годишен пилот – Слободен печат
ВестиРегион

Авион се урна кај Зрењанин: Загина 47-годишен пилот

Инспектори од Центарот за истражување на несреќи во сообраќајот се упатиле на лице место за да извршат увид. 

При пад на авион кај Зрењанин денеска загинал 47-годишниот пилот Владимир Булат од Белград, пренесува Курир.рс 

Инспектори од Центарот за истражување на несреќи во сообраќајот се упатиле на лице место за да извршат увид.

– Пилотот очигледно изгубил контрола за време на летот над аеродромот и дошло до пад – рекол директорот на Центарот за истражување несреќи во сообраќајот, Небојша Петровиќ.

Булат бил искусен пилот на акробатски летови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close