Авион на Рајанер слета безбедно во Осло, откако доби закана за поставена бомба

Фото: EPA/SERGIO DIONISIO

Авион на Рајанер слета безбедно на главниот аеродром во Осло, откако доби закана за поставена бомба додека бил во воздух, соопшти денеска норвешката полиција на својот профил на Твитер.

Дански воени авиони Ф-16 беа во воздух за да го следат авионот во кој имаше 142 патника.

Уапсен е еден Британец (51) осомничен дека е одговорен за заканата. Полицијата додаде дека сите патнци биле евакуирани безбедно. Авионот летал од лондонскиот аеродром Стенстед кон Осло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот