АВИОН-КУРШУМ ТЕСТИРАН ВО КАЛИФОРНИЈА: Целер 500Л е спремен, а на него 10 години се работело во тајност (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Револуционерен авион кој поради својот специфичен облик го добил прекарот авион-куршум, бил неколку пати тестиран на пистите во Јужна Калифорнија, а од компанијата Ото Авиејшн велат дека леталото е подготвено за тестирање

На авионот Целер 500Л тајно се работело веќе 10 години, пишува магазинот Драјв.

Иако поголемиот дел од карактеристиките на авионот се непознати, тој неколкупати бил забележан на тестирања на аеродромот во Јужна Калифорнија.

Необичниот дизајн на авионот, го прави ова летало поефикасно во поглед на аеродинамичноста и нема губење на внатрешниот простор.

Конструкторите се надеваат дека со овој авион ќе се изврши пробој на пазарот на цивилната авијација.

Ако авионот успешно ги помине пробите, според патентот, тој би требало да биде 10 пати поефикасен од кој било во својата актегорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот