Авиокомпаниите очекуваат опоравување на нивниот сектор до 2024 година

Авиокомпаниите во светот најавија дека опоравувањето на нивниот сектор ќе трае до 2024 година – една година подолго од претходно очекуваното. Тие проценки се за за патничкиот сообраќај да се врати на нивото пред кризата.

Во ажурирањето на податоците за влијанието на пандемијата врз воздушниот сообраќај, Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA) го наведе бавно опоравување на САД од вирусот и земјите во развој, како и послаб изглед за корпоративно патување.

ИАТА ги намали своите предвидувања за патници во 2020 година  – пад од 55 отсто – поостар од анализите за 46 отсто, објавени во април.

– Втората половина од оваа година ќе забележи побавно закрепнување отколку што се надевавме, истакна главниот економист на ИАТА Брајан Пирс. Јунскиот број на патници се намали за 86,5 отсто во однос на лани, соопшти организацијата, по податоците за намалување од 91 отсто во мај.

– Изненадувачкиот потег на Велика Британија за пристигнување во карантин од Шпанија создаде многу неизвесност, рече Пирс.

– Ова е јасно дека ќе претставува проблем со закрепнувањето.

Изгледите за закрепнување се ослабени со ширењето на Ковид-19 во САД и земјите во развој што зардно претставуваат 40 проценти од глобалните патувања со авиони, соопшти ИАТА.

Деловните патувања исто така може да се соочат со постојан пад, заканувајќи се за профитабилноста на авиокомпаниите и патните правци бидејќи корпоративните клиенти се со поголема употреба на видео-конференции што станаа норма за време на затворените граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот