Авиокомпаниите ги пренасочуваат авионите: Трошоците растат, летовите траат подолго

Германска „Луфтханза“, „Ер Франс-КЛМ“, „Сингапур ерлајнс“ и „Малезија ерлајнс“ се првите компании што ги пренасочуваат летовите.

Авиокомпаниите ќе треба да трошат повеќе на гориво затоа што ќе ги пренасочуваат летовите, односно решението да не летаат над Иран и Ирак поради тензиите со Вашингтон.

Германска „Луфтханза“, „Ер Франс-КЛМ“, „Сингапур ерлајнс“ и „Малезија ерлајнс“ се првите компании што ги пренасочуваат летовите, при што независниот советник за авијација Џон Стрикленд рече дека избегнувањето на воздушниот простор во Ирак и Иран е двојна главоболка за авиокомпаниите, пренесува „Ројтерс“.

Тој нагласи дека тие ќе треба многу подолго да патуваат и да имаат повисоки оперативни трошоци.

Основачот на „OPSGROUP“, кој ги следи ризиците во воздушниот простор, Марк Зи оцени дека пренасочувањето ќе трае подолго од 40 минути за да патувањата од Европа во Азија.

Австралиската „Квантас“ објави дека пренасочувањето ќе ја продолжи трасата од Перт до Лондон за околу 50 минути.

Врз основа на податоците на „Flightradar24“ и повратните информации од членовите на авиокомпанијата, Зи рече дека превозниците во голема мерка ги пренасочуваат летовите низ делови на Саудиска Арабија и Египет.

Американската федерална управа за авијација (ФАА) им забрани на американските компании да летаат над Иран, заливот Оман и водите меѓу Иран и Саудиска Арабија, заради зголемена воена активност и зголемени политички тензии на Блискиот исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот