Авио-производство: „Ербас“ поуспешен од „Боинг“

Нов пад на побарувачката на авиони во август, покажуваат податоците на европскиот производител на „Ербас“ за испораки, но сè уште се подобри од американски „Боинг“ кој предупреди дека се соочува со нови потешкотии во производството.

„Ербас“ објави дека во август испорачал 39 млазни авиони или 10 помалку во однос на јули и два помалку за разлика од истиот месец лани. Речиси четвртина од авионите се испорачани на дисконтните авио-превозници, како унгарски „Виз“ и индиски „Индиго“ кои, за разлика од традиционалните конкуренти, релативно добро се опоравуваат од коронакризата.

Американски „Боинг“, чии авиони од типот „737 MAX“ се приземјени повеќе од една година по двете фатални несреќи, во август на пример испорачал само 13 млазни авиони.

Испораките на двата производитела се значително ослабени што е вообичаено бидејќи авио компаниите го одложуваат купувањето на летала за време на пандемија.

„Ербас“ во првите осум месеци во 2020 година испорача 284 авиони што е 43 отсто помалку во споредба со истиот период лани. „Боинг“, пак, од јануари до август испорача 87 авиони за разлика од 276. за истиот период во 2019 година.

Од американската компанија предупредија дека ќе доцнат со испорака на авионите „787 Дримлајнер“ поради новите пробленми во производството. Побарувачката на авиони со широк труп, како оние од типот „787“ и „Ербас А350“ силно е погодена од пандемијата на Ковид-19, потсетува агенцијата „Ројтерс“.

Видео на денот