Авганистанските разбојници не се дел од граѓаните за кои државата обезбеди хуманитарна помош

Министерство за внатрешни работи/ Фото: МИА

Авганистанските разбојници кои извршиле физички напад и кражба се илегални мигранти кои влегле во земјава од Грција и никако не се поврзани со граѓаните за кои државата обезбеди хуманитарна помош, информираат од МВР.

Оттаму апелираат до медиумите и до граѓаните да ја направат разликата со цел да не се создава омраза кон миротворното население од Авганистан за кое се спроведува меѓународна хуманитарна акција да биде извлечено и спасено од талибанските власти.

Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот