Авганистанскиот мигрант откриен во Саранда не е заболен од корона

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Тинејџерот беше дел од групата авганистански мигранти, кои полицијата ги откри откако на албанска територија влегле од Грција кај преминот „Ќаф бота”, а имаше висока телесна температура.

Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај мигрантот од Авганистан, за кого постоеше сомнеж.
-Направените анализи потврдуваат дека Хамит Мухамети (15) мигрант од Авганистан не е заразен со корона вирус. Момчето беше изолирано во болницата во Саранда, откако постоеше сомнеж за корона вирус, изјави Арјан Калчуни од едницата за јавно здравје во Саранда.
Телевизијата Ора њуз пренесува дека момчето е префрлено во Инфективната клиника во Тирана.
Тоа беше дел од групата авганистански мигранти, кои полицијата ги откри откако на албанска територија влегле од Грција кај преминот „Ќаф бота” а имаше висока телесна температура.
На денешната прес конференција Еугена Томини раководителка на секторот за епидемиологија во Министерството за здравство, рече дека од избувнувањето на епидемијата во Кина до синоќа се тестирани 18 сомнителни случаи, од нив осум лица кои пристигнале од Кина и девет од Италија. Сите се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот