Авганистанките се соочуваат со пандемија на самоубиствени мисли

Авганистанки / Фото: Wakil KOHSAR / AFP / Profimedia

Помина повеќе од една година откако талибанците ја преземаа контролата над Авганистан. Женските права оттогаш се скратени, и покрај напорите на западните сили да ги убедат властите да ја променат нивната политика, како еден од условите за одмрзнување на авганистанските сметки во западните банки.

Во разговор за „Би-Би-Си“, една млада Авганистанка раскажала за предизвиците со кои се соочуа со доаѓањето на талибанците. Таа вели дека пред четири месеци се обидела да си го одземе животот, откако им беше забрането на девојките да студираат на авганистанските факултети. Таа сега посетувала психијатар, во обид да си го врати стариот живот.

„Само сакам луѓето да го чујат мојот глас. Јас сум во болка, но не сум единствена. Повеќето девојчиња во мојот клас имаат самоубиствени мисли. Сите страдаме од депресија и анксиозност. Немаме никаква надеж“ раскажала таа за „Би-Би-Си“.

Нејзините зборови се само едни од она што се нарекува „пандемија на самоубиствени мисли“ која преовладува во Авганистан во изминативе месеци, посебно кај жените.

„Во Авганистан имаме пандемија на самоубиствени мисли. Ситуацијата е полоша од било кога, а светот малку размислува на ова. Кога ќе ги прочитате вестите, ќе прочитате за недостигот на храна, но никој не зборува за менталното здравје. Луѓето полека се трујат, од ден за ден сѐ повеќе, тие губат надеж“ вели психологот д-р Амал.

Во разговор за „Би-Би-Си“, д-р Амал вели дека добила 170 повици во два дена, од жени кои бараат помош, откако талибанската влада соопшти дека ќе им биде забрането да студираат. Како што вели таа, повеќето од повиците се од млади девојки.

Постер на факултет во Авганистан / Фото: Wakil KOHSAR / AFP / Profimedia

Проблемите со менталното здравје во Авганистан преовладува и пред доаѓањето на талибанците. Според податоците на ОН, во земјата која четири децении беше погодена од постојани конфликти, секој втор човек страда од психолошки проблеми. Но, надлежните велат дека по доаѓањето на талибанците, состојбата е полоша од било кога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот