Авганистан: Убиени најмалку дваесет лица во напад на талибанците

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Аџмал Фаиз, директор на полицијата во Балкх,  за медиумите рекол дека шест војници и двајца полицајци го загубиле животот во напад во регионот Алем Хил во Балкх.

Најмалку 20 припадници на авганистанските безбедносни сили ги загубија своите животи како последица на два оделни напади на талибанците врз два полициски пунктови во градовите Балкх и Кундуз, јавува Анадолу.

Аџмал Фаиз, директор на полицијата во Балкх,  за медиумите рекол дека шест војници и двајца полицајци го загубиле животот во напад во регионот Алем Хил во Балкх.

Од друга страна, полициските службеници во Кундуз, рекоа дека милитантите го нападнаа полицискиот пункт во Дашт Архи, при што животот го загубија 12 припадници на безбедносните сили и двајца други се ранети.

Според талибанците во двата напади се убиени вкупно 30 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот