Авганистан регистрира пораст на случаи на убиства и самоубиства на жени

Авганистанки во Кабул / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Авганистан во изминатите неколку дена регистрира пораст на убиствата за чест на жени и женски самоубиства, јави ДПА.

Во изминатите три дена локалните власти потврдија дека четири жени се убиени, а две се самоубиле.

Инцидентите се случиле во провинциите Фаријаб, Газни, Саманган и Бамјан.

Шемсулах Мохамади, шеф на Одделот за информации и култура на Талибанците во Фаријаб, изјави за ДПА дека маж ја застрелал својата снаа поради наводно „незаконски односи”, а потоа побегнал.

Млада жена извршила самоубиство во истата провинција од непознати причини, додаде тој.

Во провинцијата Газни, маж застрелал мајка и ја ранил ќерката на жртвата откако слушнал дека девојчето е свршено со некој друг.

Во одделен инцидент во Газни, млада жена била убиена од нејзиниот брат и братучед, откако била обвинета за сексуални односи вон брак. Убиено е и нејзиното момче.

Портпаролот на провинциската полиција Сајед Исак Салех ги потврди двете убиства, додавајќи дека виновниците вклучени во вториот случај се приведени.

Авганистанските медиуми јавија и дека една жена починала во болница откако нејзиниот сопруг и ја скршил главата со камен во провинцијата Саманган.

Уште една млада жена извршила самоубиство во областа Варас во Бамјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот