Авганистан остана без единствениот спортски канал

Авганистанското момче Муртаза Ахмади е голем фан на Меси/Фото: EPA/JAWAD JALALI

Единствениот специјализиран спортски телевизиски канал во Авганистан, 3 спорт, престана да работи поради финансиски проблеми и ограничувања воведени од талибанците, објави TOLO News.

Според Шафикула Салим Поја, кој е член на менаџментот на спортскиот канал, „од неодамна, кога репортерите одат да известуваат од настан, тие неизбежно се соочуваат со ограничувања”. Сега сите вработени во телевизијата останаа без работа

Според информациите на ТОЛО, за помалку од два месеци откако талибанците дојдоа на власт, повеќе од 150 авганистански медиуми беа принудени да затворат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот