Авганистан ослободи 100 талибански затвореници по прекинот на огнот

фото EPA

Околу 100 талибански затвореници се ослободени од воен затвор во Авганистан, како дел од одговорот на Владата на изненадувачкиот прекин на огнот, предложен од милитантите по повод празникот Фитр Бајрам.

– Авганистанската Влада денеска ослободи 100 талибански затвореници од затворот Баграм, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џавид Фајсал.

Владата планира да ослободи до 2.000 талибанци затвореници како „гест на добра волја” и одговор на вчерашниот предлог за прекин на огнот, што ги охрабри напорите за започнување мировни преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот