Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Талибанци / Фото: EPA/STRINGER

Талибанците ветија дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и нивните сојузници.

Русија, Кина, САД и Пакистан денеска одржаа видео консултации за Авганистан и се согласија да дадат се од себе за да ја забрзаат размената на воени затвореници меѓу Кабул и движењето на Талибанците.

– Процесот на размена е во тек. Се одвива побавно отколку што би сакале, но тој продолжува и сега има потреба од прелиминарна дискусија за натамошните чекори, изјави за ТАСС, претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Замир Кабулов.

Русија, Кина и САД беа застапени на консултациите од специјалните пратеници, а Пакистан од заменикот министер за надворешни работи.

САД и Талибанците потпишаа мировен договор во Доха на 29 февруари, со кој Вашингтон, неговите сојузници и коалицијата ветија дека ќе ги повлечат своите сили од Авганистан во рок од 14 месеци.

Талибанците ветија дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и нивните сојузници.

Во рамки на тој договор, ќе бидат ослободени 5.000 приврзаници на Талибанците и до 1.000 талибанци кои сега се во заробеништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот