Авантуристи пробуваат како е да се живее на Марс во пештера во Шпанија!

Фото: Принтскрин

За сите оние кои ги интересира како би можел да изгледа животот на Марс, сега можат да го доживеат тоа во Шпанија!

Научници, архитекти и програмери претвориле километар и половина долга пештера, висока шеесетина метри во близина на Аредонда во Кантабрија во човечка колонија слична на она, која, според најновите истражувања, би можела да биде формирана и на Марс.

Научниците велат дека недостатокот на атмосфера, екстремните температури и ултравиолетовото зрачење на Марс значи дека луѓето би можеле да се сокријат под површината.

Престојот во споменатата пештера трае четири дена и три ноќи, но сите заинтересирани за оваа авантура, мораат од претходно да завршат интернет курс од 26 дена и уште три дена интензивни обуки.

За време на престојот, таканаречените „астролендери“ меѓу другото симулираат и чувство на безтежинска состојба и се учат како да одгледуваат храна во специјализирани лаборатории.

Во секоја мисија можат да учествуваат најмногу 10 луѓе, но цената за ова задоволство за многумина може да им се чини за астрономска, бидејќи изнесува 6.600 долари по личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот