Авалон продукција: Фестивал „Скопје колинг“ со четири македонски бендови

Петтото издание на фестивалот „Скопје колинг“ ќе се одржи на 12 септември на стадионот на АРМ, а вниманието ќе биде насочено кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена. На концертот ќе настапат „Фолтин“, „Ласт експедишн“, „Фанк шуи“ и „Плутос даубтс“.

– „Плутос даубтс“ се тука да ни ја пренесат новата шармантна скопска авангарда, „Фанк шуи“ да ни ја доловат нивната експлозивна енергија на сцена, „Ласт експедишн“ да ни покажат на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и да нѐ потсетат што значи да се биде „добрата стара школа“, а „Фолтин“ со „Лејт најт кабаре перформанс“ да ни покажат, барем на час и половина, како е да се живее младешки без обѕир, раскошно, блудно и некомерцијално – најавија од „Авалон продукција“.

Настанот ќе биде реализиран според сите протоколи за заштита од ковид-19, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително за сите, потенцираат од „Авалон“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот