Авалон го сели концертот на DEEP PURPLE на друга локација

Најавата за концертот на Дип Парпл во Скопје/Фото: Фејсбук/Авалон

Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, се одлучивме за сигурна варијанта- префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај, соопшти организаротот на концертот Авалон на својата Фејсбук страница.

-Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред: ФАН ПИТ: Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор. ПАРТЕР: Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор. ВИП:Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13), објаснуваат од Авалон.

Оттаму додаваат дека со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашувале дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што пак таму било невозможно.

-Сега на новата локација, и тоа е возможно. Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот. Се гледаме за четири дена со уште поголема енергија, но на нова локација!, соопштија од Авалон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот