Регистарот за населението отпочнува со работа
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе го претстави Централниот регистар на население што од денеска ќе биде пуштен во употреба. Централниот регистaр на население претставува единствена база во која ќе се чуваат реални податоци во однос на населението во Република Северна Македонија. Податоците во базата ќе се црпат од повеќе институции – …