Аудиовизуелна дејност: ДФРМ во европско друштво

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) е 19-та членка која се приклучи на Европската асоцијација за аудиовизуелна продукција (CEPI). Основана како Европска координација на независни продуценти во 1990 година, со цел да ги организира и застапува интересите на независните кино и телевизиски продуценти во Европа, од 2018 година асоцијацијата се претставува како Европска аудиовизуелна продукција и денес е единствената европска асоцијација која вклучува независни телевизиски и филмски продуценти, односно 8.000 независни продуцентски компании во Европа.

Членовите на асоцијацијата создаваат широк спектар на разновидна филмска и телевизиска содржина, од самостојни документарци, организирање и изведба на специјални настани, до емисии, анимации, високобуџетни драмски серии.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот