Audi претстави две нови „ѕверки“: RS Q3 и RS Q3 Sportback (ФОТО/ВИДЕО)

Audi во исто време претстави два нови RS модели од семејството Q3. Покрај новата генерација Audi RS Q3, тука е купе-кросовер верзијата со високиперформанси – Q3 Sportback.

Под хаубата на двата автомобили се крие ист аграгат – 2.5-литарски турбо-бензинец со 5 цилиндри. Oвој агрегат произведува 400 ks (294 kW) и 480 Nm максимален вртежен момент, а поврзан е со 7-брзински S tronic aвтоматик.

Моќта очекувано се пренесува на сите 4 тркала со помош на quattro системот на Audi. RS Q3 и RS Q3 Sportback забрзуваат од 0 дo 100 km/h зa само 4,5 секунди, пред да ја достигнат максималната, електронски ограничената брзина од 250 km/h.

Изборно, лимитот може со доплата да се зголеми на 280 km/h.

Двата модели имаат спортска суспензија која е намалена за 10 mm во однос на стандардниот систем кај основните Q3 и Q3 Sportback.

Во однос на регуларните верзии, овие два SUV модели, имаат подобрени управувачки и сопирачки системи. На предните тркала има керамички дискови со пречник од 375 mm, додека позади има челични од 310 mm.

Купувачите можат да нарачаат и изборен RS Sport Plus систем со активни амортизери, а понудата за бендажите опфаќа тркала од 20 и 21 инч.

Audi RS Q3 и RS Q3 Sportback пристигнува во европските продажни салони во октомври. Цената на Audi RS Q3 во Германија започнува од 63.500 eвра, a Sportback верзијата од 65.000 eвра.

[foogallery id=”92713″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот