Audi најави шест нови RS модели

Германскиот премиум гигант Audi со таинствена фотографија најави нови RS модели.

До крајот на оваа година се очекуваат два целосно нови автомобили од оваа серија, а вкупно шест модели.

Еден од нив ќе биде RS Q3 со 2,5-литарски турбо-бензинец со 400 KS, a со оглед дека уште во текот на есента 2017-та беше разгледуван RS7 Sportback, логично е да се очекува и овој модел.

Конкурентот на Mercedes-AMG GT е купе со четири врати кое би требало да користи 4,0-литарски V8 со 600 KS, иако се шпекулира и за моќна хибридна верзија со 100 „коњи“ повеќе.

Веќе некое време Audi го тестира RS6 Avant, кој веројатно ќе има ист погон како погореспоменатиот RS7, a еден од главните новитети би требало да биде кросоверот RS Q8.

Друг нов RS модел ќе биде подобрениот RS4 Avant, со 2,9-литарски V6 твин-турбо агрегат со 444 KS.

Премиера на новите RS модели се очекува на Саемот за автомобили во Франкфурт во септември, кој по правило е клучен настан за германските производители во текот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот